Џемперот „црна овца“ на принцезата Дијана, кој беше пронајден на поткровје минатата пролет, е продаден за неверојатни 1,1 милион долари.
Оваа облека постави ценовен рекорд за која било облека што ја носела покојната принцеза. Џемперот вообичаено се продаваше во осумдесеттите за околу 50 долари.
Оваа продажба е и рекордна цена за кој било продаден џемпер на аукција. Рекордот претходно го држеше зелениот кардиган на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, кој беше продаден за 334.000 долари во 2019 година.
View this post on Instagram