Зборувајќи за својата козметичка рутина, Џоан Колинс изјави дека никогаш во својата долга кариера не правела пластична операција. “Никогаш не допрев и не направив ништо. Не би можела да се справам со сето тоа. Најпрво, се плашев од игли. Мајка ми ми рече да се хидратирам и да користам ноќна крема”, изјави таа за „The Guardian“.
Џоан вели дека нормално се држи подалеку од сонцето за да не и ја оштети кожата, а овој совет им го дала и на ќерките Тара и Катјана.
“Еднаш го имав на челото и ме болеше како пекол. Освен тоа, деновиве ги гледате сите овие ужасни пластични операции. Имам пријатели кои се оддадоа на ботоксот и сега имаат грутки на лицето. Да не зборуваме за усните”, вели таа.
Џоан вели дека не е навредена што луѓето мислат дека имала пластична операција. „Јас сум необична по тоа што сум во Холивуд, но не отидов под нож. Познавам само уште една актерка која не пробала пластична операција… иако сега можеби пробала“, изјавила актерката претходно.