Драмскиот театар тагува за смртта на Мето Јовановски, кој почина денес на 77-години.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер, целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје.
„Од дипломирањето во 1971 година кога застана на сцената на Драмски со претставата „Што виде собарот“, во себе ја носеше истата жар за професијата. Мето замина во легендите само дваесет дена откако на 26ти октомври бравурозно ја изигра својата последна претстава на ‘My name is Goran Stefanovski’. Македонската и регионалната публика останува без актер кој ќе го памети по неговата харизма, а колегите актери по творечката енергија што ја пренесуваше до последниот свој здив“, велат од театарот.
Драмскиот театар изрази сочувство до почитувачите на Јовановски, а дополнително ќе биде објавено времето за оддржувањето на комеморацијата во Драмски театар Скопје.