За време на посетата на Гранада, Шпанија, премиерот Ковачевски беше придружуван од сопругата Елена Ковачевска која во рамки на Самитот имаше повеќе активности во програмата. И овој пат одбра креација на Кокев, во смирени кафени тонови, интересен панделка детаљ и волуменозно здолниште, инспирирано од шпанската култура.
Ковачевска, и летово, на Самитот на НАТО во Вилнус беше меѓу елгантните гостинки со елегантната црна тоалета со бела ружа како моден додаток на дизајнерката Тања Кокев.

