(Фото) Даница Максимовиќ гола на 66 години: Наместо облека, само насмевка на лицето

Популарната српска актерка  Даница Максимовиќ објави фотографија на која гола лежи на плажа во Црна Гора.

Фотографијата е направна на Ада Бојна, а познатата глумица лежи мокра на песокот. Сликата беше објавена и на Инстаграм. Наместо костим за капење, само насмевка на лицето- пишуваат српските медиуми. Даница доби комплименти дека изгледа одлично.

Даница Максимовиќ е родена во Релјинци, на 25 јануари 1953 и е позната српска актерка.
Актерство завршила на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класа на професорот Миња Дедиќ, заедно со Бранислав Леќиќ и Дара Џокиќ .

Прва улога на филм ја одиграла 1980 година во филмот “Хајдук”. Со Тања Бошковиќ, Миленко Павлов и Раде Марјановиќ, долго време била носители на театарскиот репертоар во Театарот на Терзиите. Во кариерата на Даница Максимовиќ, доминантни улоги се таканаречените жена од маргини (алкохоличарки, проститутки, жени со сомнителен морал).

 

Scroll to Top