(Фото) Маж во Њујорк 30 години дома чувал алигатор, го пуштал да плива заедно со други луѓе

Алигатор долг речиси 3 и пол метри, по име Алберт, бил запленет од куќа во државата Њујорк, каде што маж го чувал 30 години.

Алигаторот бил пронајден во домот на Тони Каваларо во Хамбург, јужно од Бафало, а тој наводно го пуштил да плива со други луѓе во водата.

Сега Тони се бори да го врати овој необичен миленик дома.

Алберт, тежок 340 килограми, спасувачите го извлекле од базенот, а било откриено дека во куќата живеел од 90-тите.

Според државниот Оддел за заштита на животната средина, сопственикот на куќата им дозволил на луѓето, дури и на децата, да влезат во базенот со рептилот, кој бил слеп на двете очи и имал компликации на ‘рбетот.

Според извештаите, Кавалара имала дозвола да го чува животното, но таа истекла во 2021 година.

Полицијата во средата упаднала во неговата куќа, а откако се дознало „колку сопственикот ја загрозува јавноста“.

Тони тврди дека го третирал Алберт како свое дете и дека никогаш никого не ставал во опасност.

„Јас не сум опасен човек, не се однесувам така со луѓето“, изјави Каваларо.

Засега не е одлучено дали против Тони ќе биде поднесена кривична пријава.

Scroll to Top