(Фото) Повторно има ново лице, дали е ова таа: Донатела повеќе не е кралица на лошите пластични операции

Славната Донатела Версаче традиционално го освојува секој црвен тепих, најмногу со својот изглед, а помалку со своите модни избори. А на доделувањето на наградите CFDA во Њујорк, нејзиното лице беше главна тема.

Донатела го постигна невозможното и изгледаше подобро и помладо од кога било. Со години, поранешната дизајнерка е синоним за екстраваганција, но и за пластична хирургија, па сите го игнорираа прекрасниот црн фустан што го носеше и веднаш го „фрлија“ фокусот на нејзиното лице.

Навикнати сме таа често да биде мета на негативни коментари поради неуспешни и прекумерни корекции, но се чини дека Донатела сега најде мерка. Конечно!

Овој пат, таа позираше на црвениот тепих и ја покажа целата самодоверба што ја поседува. Не ѝ беше грижа за изгледот и коментарите, но дефинитивно промени нешто кај себе и во својот пристап кон стареењето.

Острите црти на лицето исчезнаа, а Донатела блесна со нов сјај што им се допадна дури и на најстрогите критичари.

фото: принтскрин

Scroll to Top