(Фото) Светскиот модел Лејла Депина се прошета гола прекриена само со златни ланци на црвениот тепих на фестивалот во Венеција

Шестиот ден од почетокот на 80-от Филмски фестивал во Венеција остана во сенка на светскиот модел Лејла Депина која се прошета речиси гола на црвениот тепих прекриена само со златни ланци.

Лејла се појави на премиерата на филмот Hit Man на Ричард Линклејтер. Металните делови на фустанот едвај прекривале нешто, а нејзините гради биле разоткриени исто како и долната облека.

Со ваква креација се појави и на Канскиот фестивал, а ова издание од Венеција потсетува на некогашниот стил на Ким Кардашијан. Модните критичари рекоа дека не го поддржуваат ваквото разголување во јавноста, сметајќи го за вулгарно.

Scroll to Top