(ФОТО) Запознајте ја најголемата љубов на Викторија Луческа! – Манасков и Ќириќ извисија

Манекенката и топ модел Викторија Луческа откако стана позната во јавноста покажа се. Заводливото лице, сензуалните полни усни, долгите убави нозе, заобленото, напрчено газе… на сексапилната прилепчанка ги изнагледавме во разните модни видео серијали, фотосесии, видеоспотови на помалку и повеќе познатите музички изведувачи и ѕвезди.

Манекенката не се штедеше себе си и без комплекс ја покажуваше својата убавина, неретко ставајќи ги во преден план своите најсилни атрибути. По нив на ред дојдоа љубовните афери…

Таблоидите и портаалите наголемо пишуваа за сите љубови на сексапилната манекенка, па од нејзините врски се правеа шпански, море, турски серии… Од секс пријателства до сериозни врски – во таков контекст беа ставани релациите на Лучето со ракометарот Дејан Манасков, со Доминик, синот на екс фудбалерот Саша Ќириќ, со за македонската јавност помалку познати сопственици на модни агенции  во Истанбул, каде манекенката последните месеци работно престојуваше…

На  сето тоа Луческа остана „нема“, па официјално ништо ниту потврди ниту демантираше, а по некој ситен детал од коцкичките на мозаикот од нејзиниот живот можеа да се насетат само во поедини статуси покрај фотографиите кои редовно ги објавува(ше) на социјалните мрежи. Сакаше на моменти на јавноста или лично некому да му прати скриена порака или…?

 

Како и да е, едно е сигурноникој и ништо од сето тоа не е најважно во животот на манекенката. Нејзината најголема љубов не се наоѓа меѓу имињата на споменатите. Напротив. таа е постојано тука со или околу неа, иако физички можеби не се постојано заедно.

 

Единствената личност која Викторија (барем засега) најмногу ја сака е нејзината мајка – Каролина. Очигледно таа е нејзиниот најголем поддржувач, чије срце секогаш е исполнето со секој нов настап, ревија, спот… со секој нов успех на нејзината Викторија!

Љубов и љубовни приказни колку сакате, ама само една е љубовта кон своето чедо и својата мајка. Затоа и велат дека… само една е мајка!

(Извор/Вистина.мк)

Scroll to Top