Фудбалер мастурбирал под прозорец на комшивката

Во екот на пандемијата откако е прекината Лига 1 дојде интересна вест за репрезентативец на Алжир, кој е фудбалер на францускиот Анже. Станува збор за Фарид ел Мелали (22), кој во понеделникот утрото  потпишал нов договор со Анже, а вечерта отишол да мастурбира во дворот на комшивката. Тој стоел во станбениот блок од згради, под  прозорец на една од станарките, која живеела на приземје и била на прозорецот. Инцидентот се случил околу 22:50 часот, а соседите го пријавиле фудбалерот.

Интересно е што ова не му е првпат да го обвинат за вакво нешто, зошто тој и минатиот месец имал сличен проблем, но тогаш не бил идентификуван. Адвокатката која го брани вели дека тој не „таргетирал“ никого и не бил агресивен кон никого, а сосетката не го ни видела.

Scroll to Top