Голем хит во светот во моментот е апликацијата MakeApp. Таа може да се преземе бесплатно, а нејзината цел е фотографиите со шминка да ги трансформира во фотографии без шминка или обратно.
Порталот „Скопје 24. мк“ направи селекција од неколку фотографии од нашите јавни личности и покажа како Елена, Каролина, Тамара и Викторија би изгледале ненашминкани.
Бидејќи апликацијата има и обратен ефект, од порталот решиле да го нашминкаат фолк-пејачот Наум Петрески.