Најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе победи на ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки. Од генералниот пласман Македонија и името на Стефановски стои на врвот од табелата.
„ После две извозени трки од ФИА, Европскиот шампионат на ридски патеки Македонското знаме повторно онаму каде што припаѓа- на највисокото место во генералниот пласман“, вели Иџе. Двократниот европски шампион во планина Игор Стафановски на 6. и 7. мај пристигнува на нова трка во Шпанија.
Инаку, тој ја победи својата група Ctg.1 – Група 3 во Франција и беше втор во Австрија со својот HYUNDAI I30 TCR. Пред само неколку дена Иџе по осум години се врати на истата патека во Австрија од каде на крајот од патеката заврши како победник од втората трка. Иџе беше во трка со уште 260 автомобилисти од цела Европа од кои тој го зазеде место број еден.