Актерката Ким Катрал (67) од култната серија „Сексот и градот“ е главното лице на брендот Скимс во нивната нова кампања.
Во новата публикација таа покажа три комбинации на долна облека и фустани кои го обликуваат телото, а Катрал откри дека е во топ форма во седмата деценија.
Боди во боја на песок ја истакна нејзината фигура, а носеше и чевли изработени од латекс во боја на кожа.
Фустанот што го носела е долг и црн со прерамки.
Следбениците се воодушевени од изгледот на актерката.
„Саманта Џонс сè уште го има тоа нешто“, „Ти си совршена“, „Таа е таква икона“, се дел од коментарите.
Инаку, во кампањата учествуваа и пејачката Нели Фуртадо, актерката и модел Хари Неф, пејачката и актерка Коко Џонс и Лана Кондор, Јутјубер и актерка.