Македонија го заврши настапот на Европско по поразот од Италија

Македонија го заврши настапот на Европското првенство во одбојка по поразот во осминафиналето од актуелниот континентален и светски шампион, Италија. Пред околу 6.000 публика во Бари, Италијанците ја надиграа Македонија во три сета, со 25-20, 25-12 и 25-14.

За потсетување во четвртфиналето Италија ќе игра против подобриот од Холандија и Германија, меч кој на програмата е вечерва од 21 часот. Досега само уште Словенија е четвртфиналист, откако ја победи Турција со 20-25, 22-25, 25-21, 25-23, 15-13 во сетови.

Scroll to Top