Во недела (8 октомври) караванот „Македонијо во срце те носиме“ гостува во Кавадарци. Концертот е со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад.
На репертоарот ќе се најдат сите 12 песни од проектот – „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“… и, секако, химната на овој крај „Ми заплакало село Ваташа“… Публиката на сцената ќе ги види и чуе Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.
По Кавадарци следува големото финале и последниот скопски концерт предвиден за овој дел од турнејата, која опфаќа осум града. Караванот досега ги посети Битола, Велес, Прилеп, Штип, Тетово и Кочани.