Манекенка се сликала пред споменик, сега ѝ се закануваат 5 години затвор поради здолниште и деколте

Манекенката Пим Апатсара (22) предизвика бес кога позираше пред споменикот на кралот Рама I во тајландската провинција Бурирам на 24 март.

На социјалните мрежи се појавија нејзини фотографии во кратко здолниште и деколтирана маичка, кои откриваат многу повеќе отколку што се смета за соодветно.

Фотографиите беа придружени со порака: „Ве молам посетете го мојот град“, пренесува News.com.au.

Револтирани граѓани ја известиле полицијата, а манекенката подоцна јавно се извинила и објаснила дека сака да привлече повеќе туристи.

Таа била повикана во полициска станица на 25 март, каде што признала дека ги споделила фотографиите, но не сакала да го наруши имиџот на провинцијата Бурирам.

„Откако беа објавени сликите добив бројни критики. Некои ги спомнаа моите родители, што е неприфатливо. Не знаев дека ова е кривично дело“, рече таа.

Таа додаде дека секогаш вака се облекува и дека сака да го промовира својот град покажувајќи ги знаменитостите во позадина.

„Откако сликите беа видени на интернет, истражниот тим го идентификуваше корисникот. Нејзиното однесување предизвика големо негодување. Ја повикале во станицата, каде што признала што направила“, изјави полковникот Чамрас Сирилеанг.

Сега ѝ се заканува затворска казна до пет години и/или парична казна од 4.000 долари.

Scroll to Top