„Мато Наполетано“ од Скопје е меѓу 100 најдобри пицерии во светот

Италијанскиот ресторан „Мато Наполетано“ од Скопје е меѓу 100 најдобри пицерии во светот. Скопската пицерија беше дел од гала-церемонија која се одржа во Кралската палата во Неапол, Италија. Во мај годинава, „Мато Наполетано“ во Барселона беше прогласена и за 25. пицерија во Европа.

За првпат во историјата на Македонија, еден угостителски објект е препознат на светско ниво, а „Мато Наполетано“, е единствената пицерија од  регионот што се нашла на овој список.  Рангирањето и наградувањето традицонално го врши меѓународна организација од Италија.

Scroll to Top