Министерот за финансии, Драган Тевдовски тргна на планинско трчање и е дел од учесниците во трката ,,По стапките на Крали Марко’’, настан кој се одржува во Прилеп. Тој трча под реден број 525 по патеката Камена Баба која е долга 31 километар и спаѓа во потешките патеки.
Патеката на Крали Марко, како што ја викаат не е лесна и има повеќе траси. Тоа се патеката Трескавец, на 16 километри, патеката Камена Баба,која е 31 километар и на која трча министерот Тевдосвски. Тука се патеката Козјак на 65 километри, и патеката Крали Марко Ултра која е најдола и е 110 километри.
Трката наречена Патеката Камена Баба, која започна денес во 10 часот, и на која трча министерот, води до манастирот Трескавец, а потоа продолжува по карпестиот пат до селото Дабница. Оттаму се искачува на ридот Кукул, каде се наоѓа локалитетот Камена Баба, и се упатува кон Прилепско Езеро. Се пријавиле 146 атлетичари од целиот свет да трчаат по оваа патека.
Тевдовски и пред две недели учествуваше на маратон во Охрид, каде истрча 30 километри, а трката ја посвети на лицата со ретки болести.