Напорно е во „Ѕвездите на Гранд“

Српската поп-пејачка Марија Шерифовиќ, еден од најдобрите вокали на Балканот, првпат ќе има концерт во Скопје. Вели дека нема трема, а на концертот на 17 март публиката ќе може да слуша само добра музика.

На 9 март ќе го промовира спотот за песната „Није то љубов“, на која во најавното видео таа е во прегратка на гол маж.

„Не можам да ви откријам сега кој е тој. Ќе дознаете на промоцијата на песната. Досега никаде ништо не кажав“, вели Шерифовиќ.

Како челен на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ ни откри дека е тешко да се биде таму.

„Значи, воопшто не ми е лесно. Па, денес секој сака да пее. А не ми е тешко да судам правилно зашто јас поинаку не знам. Кажувам што мислам. Со колешките се караме одвреме-навреме, јас поретко, повеќе Вики и Јелена, па Јелена и Босанац, ама на крајот пак пиеме кафе заедно“, вели Марија.

Таа ни откри дека од мала ја сака музиката и дека многу полесно е да се градиш како пејач кога имаш од кого да го научиш тоа.

„Јас и мајка ми пееме различна музика, но, секако, многу ми значи нејзиниото мислење. Порано ме критикуваше, сега веќе не“, искрена е поп-пејачкта.

Вели дека слободното време го минува со своето куче, гледа серии и игра „плејстејшн“.

Ја поврзуваат дека е во љубов со жени, па на прашањето дали има време за љубов, вели: „Не, немам време за љубов, ама и не сакам, не ми треба“. Победата на Евровизија ѝ донела и добри и лоши работи, така што, од една страна, ѝ помогнала во кариерата, ја гледале како херој, но, од друга, ѝ останала етикетата евровизиски преставник.

Александра Георгиев

Scroll to Top