Турските актери од популарната серија „Изнајмена љубов“, Бариш Ардуч и Елцин Сангу, веќе го снимаат новиот филм „Време за среќа“. Филмот ќе има премиера на 10 ноември, а актерите повторно глумат вљубена двојка.
Овој пат Дефне е девојка што се занимава со вајарство, а Омер игра повторно богаташ, но овој пат го игра ликот на Мерт.
На Бариш му биле понудени три сценарија и филмот што го снима му изгледал како најсериозна понуда. Се пишува дека имал право да бира партнерка.
Сепак, изборот паднал на Елцин, актерката со која стекнаа голема популарност.
„Јас и Елцин се надеваме дека ќе го повториме успехот на серијата ‘Изнајмена љубов’“, изјавил турскиот актер.