Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев периодов е со семејството во Струмица. Со сопругата Надица често одат по ресторани и кафулиња, а синоќа беа на прошетка низ градот.
Пандев кој од лани е во пензија, во четврток ќе полни 39 години. Рече дека има желба роденденот да го прослави со сегашните и идни фудбалски таленти на Струмица.
Од фудбалскиот клуб „Брера“, каде е претседател на Одборот на директори, најавија прослава и отворен фудбалски ден, на кој на граѓаните ќе можат да им ги презентираат условите во кои работат и новитетите поврзани со младинската школа на „Брера“.
За потсетување, Пандев неодамна продаде 90% од акциите на својот клуб „Академија Пандев“, кој сега го носи името на новиот сопственик ФК „Брера“ Струмица.
Фото: Струмица.нет