Песната „Небо мастило“ на Камелеон доби ремикс и видео спот

Во чест на јубилејот на групата Камелеон, песната „Небо мастило“ доби ремикс и видео спот. Како дел од промотивните активности за големиот концерт на бендот, познатиот охридски диџеј и продуцент Реџи Рулс  изработи ремикс и видео спот за нивната позната песна „Небо мастило“.
– Камелеон се една од нашите најдобри групи, а „Небо мастило“ е една од моите омилени песни од групата. Песната добро лежи за да се направи ремикс од неа. Оригиналот си е оригинал, а ова е само мој скромен подарок за јубилејот на групата и обид нивната музика да ја приближиме максимално и кон помладата публика. Изработен е и видео спот за ремиксот, со што се надеваме дека песната ќе добие уште повеќе на популарност, порача Dj Regie Rules.
Во знак на своето 20 години постоење, групата „Камелеон“ ќе одржи концерт на 29. декември во Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19:00 часот.

Scroll to Top