По 10 години пауза „Морал“ го промовираа албумот “CoffeineBlues ”. Промоцијата беше во “Пивница Стар Град“ на Кале. Албумот е сниман во разни скопски студија повеќе од 5 години и го сними истата постава на “Морал” која го сними и предходниот албум” Кога патувам” кој беше еден од најдобрите рок албуми минатата деценија.
На албумот работеа Ивица Јорданов – гитара,Влатко Илиевски – вокал,Сашо Ангелов – тапании, Славчо Стојановски – бас.
Иако е задржан карактеристичниот рок звук на бендот сепак песните се на свој начин различни. Гостуваат и Марко Маринковиќ Слаткар,Тамара Тодевска и Игор Џамбазов.