Скандал по Евросног откако песната„Тетоважа“ која на Шведскаѝ ја донесе седмата победа, се вели дека е плагијат од неколку песни.
По теориите дека сѐ е инсценирано за да може Шведска да биде домаќин на 50-годишнината од победата на АББА на Евровизија, сега се и тврдењата дека Лорин ја плагирала песната . Шпанскиот „Еј-би-си“ објави дека таа е обвинета за плагијат на хит песната од оваа земја – „Flying Free“ на Скудер и Чави Метрала.
Некој ја видел сличноста помеѓу „Tattoo“ и уште неколку песни, а сега на социјалната мрежа Тик-ток кружи видео кое ја споредува нејзината песна со „Easy on me“ на Адел.
Наведеното обвинение за плагијат првично се појави по„Мелодифестивален“ (шведски натпревар за песна на Евровизија), бидејќи некои корисници на социјалните мрежи забележаа дека првите акорди на „Tatoo“ личат на „Flying Free“.
Лорин беше обвинета и дека користела делови од хитот на АББА „The Winner Takes It All“, а некои тврдеа дека „Tattoo“ ги потсетила на песната „Euphoria“ со која таа победи првиот пат.
На овие обвинувања таа вели : „Го сфаќам тоа како комплимен. А за се останато што ме обвинуваат, нема ниту време ниту простор во својата глава за тоа“.
@eurovision_noa_kirel Tattoo VS Easy to go #easyonme #tattoo #eurovision #loreen #adele ♬ original sound – Eurovision 2023 ❤️🔥
Toliko. #caosvima #ESC2023 #Loreen #Eurovision23 😱 pic.twitter.com/aSRt7S17M8
— Tik Tok Slagalica (@TSlagalica) May 14, 2023