Почина актерката Ратка Радмановиќ позната по улогите во филмовите на Манчевски

Почина актерката Ратка Радмановиќ, инаку позната по улогите во македонските филмови на Милчо Манчевски.

Информацијата за нејзината смрт е соопштена преку нејзиниот профил на Фејсбук.

„Денес по кратко боледување престана да чука срцето на нашата најсакана, актерката и доајен на македонското глумиште Ратка Радмановиќ. Нека и е вечна слава“, пишува во објавата на Фејсбук.

Родена во Кочани, Радмановиќ најголем дел од кариерата работела во Битолскиот народен театар. Радмановиќ оствари и десетина филмски улоги во „Пред дождот“, „Ослободување на Скопје“, „Прашина“, „Кајмак“, „До балчак“, „Панкот не е мртов“, „Мајки“, „Трето полувреме“, „Сенки“ и други.

Нејзината последна улога беше во филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски со улогата на Натка.

Погребот на Радмановиќ ќе се одржи утре во 11 часот.

Scroll to Top