Порно ѕвездата Аугуст Ејмс се самоубила оти ја осудиле за хомофобија

Аугуст Ејмс, 23-годишната порно ѕвезда која била пронајдена мртва во својот дом во Калифорнија, извршила самоубиство.

Нејзиното вистинско име е Мерцедес Грабовски. Таа била пронајдена мртва во вторникот, на 5 декември, откако на социјалните мрежи била малтретирана и прогласена за хомофоб поради тоа што одбила да снима порно филм со актер кој претходно се појавил во геј порно филм.

Нејзиниот сопруг Кевин Мур рекол дека Аугуст била најдобрата личност што ја познавал.

„Беше најљубезна личност која ја познавав. Беше целиот мој свет“, рекол тој и додал дека не би сакал луѓето да „ѕиркаат” во оваа приватна, семејна ситуација во ова тешко време.

Нејзиниот брат Џејмс Грабовски исто така ѝ оддал почит на својата сестра и навел дека била малтретирана на социјалните мрежи извесно време пред смртта.

„Психичкото малтретирање не треба да се сфати како шега“,  рекол тој.

Scroll to Top