Познатиот шешир на американски поп пејач Мајкл Џексон кој го носел непосредно пред неговата позната месечева прошетка (мунвок), е продадена за 77.640 евра на аукција во парискиот хотел Друо.
Волнениот шешир со свилена постава, модел Fedora, пред аукцијата беше проценета на 60.000 до 100.000 евра. Тоа беше еден од 200-те продадени артикли на аукцијата Лимон.
„Извесен Адам Кели, кој беше на концерт на Мајкл Џексон на 25 март 1983 година, го зел шеширот мислејќи дека персоналот на пејачот на концертот ќе дојде по неа“, изјавија од аукциската куќа.
Кели го чувал шеширот неколку години, а потоа ја продал на американски колекционер.