Сара и Диме на бордање, Илина со баба и дедо

By

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски ја одведоа ќерката Илина на прво зимување на Копаоник, во Србија. Со нив се и родителите на Димитар. Тие ќе ја чуваат 4-месечната Илина додека Сара и Диме се на бордање, откри водителот за „Репортер“.

„Дојдовме на Копаоник на зимување, во истиот хотел каде што лани дознавме дека Сара е бремена. Овој пат со нас се и моите родители, тие ќе ни помогнат малку и ќе ја чуваат Илина додека сме ние на стаза. Ние сме класична ‘породица Тарана’,“ се пошегува Димитар.

Тој и Сара се вљубеници во зимските спортови. Тие и лани, веднаш по Нова година беа на Копаоник, каде што има одлични стази за скијање, ни откри Димитар.

(А.Ј)

 

Ќе ви се допадне