Се разведуваат Џенифер Анистон и Џастин Теро

By

Џенифер Анистон и Џастин Теро се разведуваат по две и пол години брак!

Славната двојка не ги навела причините поради кои се разведуваат, но и двајцата изјавиле дека имаат намера во иднина да го негуваат пријателството. Џенифер (49) и Џастин (46) се венчаа во август 2015 година во Лос Анџелес, три години по свршувачката во август 2012 година.

„Ние сме најдобри пријатели кои одлучија да се разделат како пар, но се радуваме во продолжение на нашето нежно пријателство“, се наведува во соопштението.

„Во нормални околности, ова би го направиле во приватност, но озборувачката индустрија не може да пропушти можност да шпекулира и измислува, па сакавме вистината директно да ја соопштиме. Покрај сѐ, одлучни сме и во намерата да ги задржиме длабокото почитување и љубовта што ја имаме еден кон друг“, соопштија Џенифер и Џастин.

Магазинот Architectural Digest ја фотографирал вилата на славната двојка на Бел Ер во Лос Анџелес, чија врата Џенифер првпат ја отворила за фотографирање и за медиумите.

Но, соопштението за разводот беше изненадување за многумина поради нејзината изјава за овој магазин.

„Ќе погледнам наоколу, во мојот маж, моето куче и нашиот дом и не постои друго место на кое би била“, изјави Џенифер.

Сепак, Џастин Теро не давал изјави за споменатиот текст.

На Џенифер ова ѝ е втор брак. Пред Џастин, Анистон пет години беше во брак со Бред Пит, а се разведоа во 2005 година поради Анџелина Џоли.

 

 

Ќе ви се допадне

Animepahe Watch anime online, English anime online HD

Website https://animetv.cc: Watch Old Master Q & "San-T" animetv Episode Full anime stream

Website https://animeheaven.pro: Watch Yuukan Club animeheaven Episode 2 anime heaven anime

Watch anime online for free at KissAnime black clover kissanime

Myanimelist: https://myanimelist.net/profile/animeflixnl

Mastodon: https://mastodon.top/@animefreakws