Познатата пејачка Шер во мај наполни 77 години, а вели дека се уште се чувствува многу младо.
Таа со својата харизма и енергија редовно ги воодушевува луѓето ширум светот, а често добива и комплименти за својот изглед.
Шер неодамна гостуваше во „Good Morning Britain“ и изјави дека годините не ѝ значат ништо.
„Едноставно не можам да верувам дека во одреден момент ќе наполнам 80 години. Сè уште ќе ги носам своите фармерки и ќе носам долга коса и сè уште ќе ги правам истите работи што ги правев секогаш“, навела таа, пренесе Evening Standard.
Таа исто така размислувала за моментот кога еднаш разговарала со пријателка за тоа како еден ден ќе мора да ја скрати косата и да престане да носи фармерки „бидејќи се чини дека тоа е нешто што го прават постарите жени“.
Запрашана да ја открие „тајната“ на нејзиниот добар изглед, таа рече дека верува дека тоа е генетика.
„Гените во моето семејство се прилично неверојатни. Не знам дали тоа што не се чувствуваш стар те прави помлад. Ги следам трендовите, имам многу млади пријатели. Имам и стари пријатели. Искрено, не се трудам да се чувствувам младо. Не се трудам да бидам млада. Јас сум тоа што сум“, изјави пејачката. Таа во таа прилика истакнала дека нејзината мајка доживеала 96 години, како и дека ја одржува витката линија вежбајќи цел живот.