Сефер Цановски се ожени за Сезан

Директорот на ФОН, Сефер Цановски денеска во Истанбул се венча со Германката Сезан. Тој на својот фејсбук-профил објави неколку слики од венчавката и доби бројни честитки од пријателите. На свадбата во Турција присуствуваа и неколку негови пријатели од Македонија. Меѓу нив беа и пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот маж Александар, кои му се и кумашини на Сефер.

Сефер пред скоро една година се разведе од сопругата Лејла, ќерката на Велија Рамковски. Со неа беше во брак речиси 10 години и има две деца. Тој, тогаш за „Репортер“ рече дека со Лејла се разделиле пријателски и дека тој и понатаму е во одлични односи со сите од фамилија Рамковски.

 

Scroll to Top