Семејна драма кај Бекамови: Синот го прекина контактот со Дејвид и Викторија

Бруклин Бекам во последно време е во фокусот на светските медиуми откако одлучил да го прекине контактот со своите родители, Дејвид Бекам и Викторија Бекам, со цел да го заштити своето ментално здравје.

Според Мирор, Бруклин испратил правно писмо во кое побарал родителите во иднина да комуницираат со него исклучиво преку адвокати и да престанат со директен контакт. Негов пријател изјавил дека објавите на родителите на социјалните мрежи, во кои тој бил означуван или спомнуван, го вознемирувале емотивно, бидејќи сакал евентуалното помирување да се одвива приватно.

Ситуацијата, според изворите, дополнително се влошила откако Викторија лајкнала негова фотографија, а Дејвид за Божиќ објавил негова детска фотографија, по што Бруклин ги блокирал на социјалните мрежи. Тој смета дека родителите сè уште го гледаат како дете, а не како возрасна личност.

Бруклин е погоден и од тврдењата дека неговата сопруга Никола Пелц го контролира и стои зад неговото дистанцирање од семејството, што негови блиски го оценуваат како сексистички и навредливо.

Од друга страна, извори блиски до Дејвид и Викторија Бекам велат дека тие се шокирани и тажни поради правниот потег, нагласувајќи дека секој нивен чекор бил мотивиран од желба за помирување и дека длабоко го сакаат својот син.

Фото: ЕПА

Scroll to Top