Школа за добри манири и џентлменство во Скопје

Во Скопје неодамна се одржа прва манифестација за подигнување на свеста кај луѓето, односно за џентлменство, добри манири, стил, вкус, отменост, карактер и добро однесување кај луѓето.

Ова е прво издание на Gentlemen’s expo во организација на „Ботега евенти“ во изложбениот салон на „Бе-ем-ве Македонија“.

Над петстотина посетители имаа можност на едно место да ги видат најновите трендови од машкиот свет презентирани од страна на изложувачите на овогодишното издание на Gentlemen’s expo.

Беа презентирани кратки видеосовети за џентлменски моден стил, имаше и  едукативно предавање за сите изложувачи и посетители за џентлменски кодови на облекување и однесување од страна на Академија за протокол на Македонија.

 

Scroll to Top