Азиски кафеав мечок пронајден во напуштена зоолошка градина во источна Украина, пет месеци по руската инвазија во 2022 година, најде нов дом во Шкотска.
Јампил, именуван по селото во Доњецк каде што живеел, е меѓу неколкуте преживеани од 200-те животни што живееле таму. Откако беше спасен, за него се грижеше белгиско здружение за заштита на животните, пред да го направи дванаесетчасовното патување до зоолошката градина Five Sisters, 32 километри западно од Единбург.
„Кога доброволците го пронајдоа Јампил, тој беше потресен. Беше во ужасна состојба, да беа уште пет дена, немаше да можеме да го спасиме. “, изјави сопственикот на зоолошката градина Брајан Куран.„Го имаме најдобриот можен тим да се грижиме за него и да му помогнеме повторно да се чувствува смирен и мирен“, додаде тој.
Јампил ќе биде сместен во привремен кафез додека вработените во зоолошката градина, кои претходно посвојувале мечки од патувачките циркуси, не соберат пари за неговиот постојан дом.