Скандалот не стивнува: Наводниот љубовник на шпанската кралица повторно проговори

Скандалот во шпанскиот суд не стивнува по објавувањето на книгата „Letizia y Yo“ во која се изнесуваат тврдењата на поранешниот зет на кралицата Летиција Хаиме Дел Бурго дека го изневерувала сопругот со него.

Според овој човек, таа романса се случила пред неговата венчавка со сестрата на Летиција, Телма Ортиз, а продолжила и по кралската венчавка во 2004 година. Аферата крена голема бура, па тој повторно се огласи во јавноста.

Зетот на кралицата Летиција, во својата прва објава на социјалните мрежи по избивањето на скандалот, напиша: „Не менувам ниту една запирка во моите избришани објави.

„Ги ценам пораките од оние кои разбраат дека имам свои причини. Не им се лутам на оние кои се заканија дека ќе ме убијат. Не се чувствувам горд. Но, вистината е каква што е. Јас препознавам само еден крал на небото и се вика Исус од Назарет. Тој ќе ни суди“.

Тој ја објави пораката и на англиски и на шпански. Хаиме Дел Бурго, кој живее во Обединетото Кралство, минатиот викенд објави селфи од кралицата Летиција на мрежата „Икс“ за кое, тој рече, дека му го испратила кога била бремена. На таа слика Летиција носи марама, кој наводно и го подарил нејзиниот поранешен зет.

„Љубов. Ја носам твојата марама. Како да те чувствувам покрај мене. Грижи се за мене. Заштити ме. Ги бројам часовите додека не те видам повторно. Те сакам. Излегувај од таму. Твоја“, стои во наводната порака испратена од шпанската кралица до Бурго.

Хаиме рече дека во 2002 година го носел вереничкиот прстен во џеб кога отишол на состанок со Летиција во хотелот Риц во Мадрид – таа тогаш му кажала дека се заљубила во идниот крал на Шпанија. Според неговите зборови, тој подоцна се спријателил со Фелипе Ви, а кралицата го замолила да биде сведок на нивната венчавка.

Хаиме Дел Бурго, кој е татко на две деца, се ожени со Телма Ортиз во 2012 година. Тие се разделија во 2014 година, а официјално се разведоа во 2016 година.

Шпанскиот суд за „Дејли мејл“ изјави дека нема да ја коментира аферата.

Scroll to Top