Стево Пендаровски како за ревија

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, чија модна колекција ЈЗЈ лани беше преставена на Модниот викенд во Лондон, реши со своите модни совети да им помогне на познатите личности во стилот на облекувањето.

На неодамнешниот гала-прием кај американскиот амбасадор Џес Бејли многу личности од политичката, јавната и бизнис-сферата присуствуваа на овој редок настан. Меѓу гостите беше и Стево Пендаровски за кој овој пат нашиот моден гуру коментира.

„Господинот Стево Пендаровски на приемот кај американскиот амбасадор изгледаше навистина џентлменски. Браво. Ми се допаѓа спојот на тоновите зашто не се со ист интензитет.

Кога би носел чорапи во боја на вратоврската и тегет мокасини би бил спремен за прво појавување на некоја ревија. Но, тоа само на ревија! Сѐ на сѐ, тука навистина не би критикувал“, вели Златко Јовановски.

(А.Г.)

Scroll to Top