Тепачка на концертот на Теа Таировиќ во Битола, се пресметувале со боксови и предмети

На концертот на српската пејачка Теа Таировиќ во Битола се случил крвав инцидент, кога дошло до физичка пресметка помеѓу две групи.

Тепачката била пријавена во полиција околу 00.47 часот. Според пријавата, на Ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник завршиле со повреди и се пренесени во Клиничка болница Битола каде им е укажана медицинска помош. Две од повредените лица со потешки повреди, од кои едното во критична состојба, како што дознава Макфакс, се пренесени на Клиниките во Скопје.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Инаку на концертот на Таировиќ кој се случил Ракометното игралиште било преполно од фанови на пејачката кои играле и пееле со неа и нејзните хитови.

Фото: Битола Њус

Scroll to Top