Хрватската актерка и пејачка, а несудена македонска снаа му поласка на македонскиот победник во „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески.
Пред официјалната победа на Ристе, Антонија му прати јасна порака дека тој е нејзиниот фавориот во шоуто, а не се штедеше ниту на зборови за да му даде јасно до знаење дека за неа тој е победникот.
„На твоја страна сум“, напиша убавата Шола, а Ристе и повеќе од поласкан веднаш и одговори дека му е драго што гледа ваков коментар и и прати поздрав од срце.
Сите нешта почнуваат од малку, а дали комуникацијата меѓу нашето момче Македонче и атрактивната Шола ќе продолжи и прерасне во нешто повеќе, останува да видиме…