Угина сибирска тигрица Надја во Зоолошката во Скопје

Во скопската Зоолошка градина угина сибирската тигрица Надја. Веста ја споделија од Зоолошката во Скопје.  „Во длабока старост мирно нѐ напушти нашата сибирска тигрица Надја која беше еден од најстарите тигри во Европа. Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години, во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди. Во Скопје ЗОО живееше заедно со својата ќерка Ана и како една од најстарите жителки на градината беше миленичка на сите вработени“, велат од Зоолошка.

Сибирската тигрица Надја во Франција во  2002 годинаа, а  во Скопје живееше 13 години.

Таа имаше 21 година и за неколку години ја надмина просечната граница на векот на живеење, кој е до 23 години.

Scroll to Top