Уметниците живеат со цело срце во своите гради: Лукаревска му го честита Орденот за заслуги на својот татко Ѓокица Лукаревски

Претседателот Стево Пендаровски, синоќа, на свечена церемонија во Филхармонијата, ги одликува со Орден за заслуги актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски и Рефет Абази, писателката Оливера Николова, музичарот Ристо Вртев и режисерот Слободан Унковски.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на својот фејсбук-профил преку емотивна објава му го честита орденот на својот татко.

„Уметниците живеат со цело срце во своите гради. Живеат за аплауз, за уште една премиера, за уште еден лик, за уште една партија реми. И со ништо и за ништо не би го замениле тој живот. Како што и тој за мене е единствен. Мојот татко, вашиот Ѓокица Лукаревски. Честитам, тато, и им честитам на сите што денеска беа одликувани од претседателот на државата, Стево Пендаровски. Добро е кога уметници добиваат ордени. Како ним најмногу да им прилегаат“, напиша Лукаревска.

Текстот Уметниците живеат со цело срце во своите гради: Лукаревска му го честита Орденот за заслуги на својот татко Ѓокица Лукаревски е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top