Брус Вилис првпат се појави во јавност откако неговото семејство откри дека има деменција. Беше забележан во Калифорнија, прво снимен како купува кафе, а потоа додека оди кон автомобил со двајца пријатели. Во еден миг, тој збунето погледна кон папараците па го одмина автомобилот, а едниот од пријателите го насочи кон него, по што актерот влезе во колата. Холивудскиот актер актер се пензионира лани по дијагнозата со афазија.
Тој најпрво покажувал симптоми на оваа болест, а потоа било утврдено дека има фронтотемпорална деменција, која е всушност вид афазија. Неговата сопруга неодамна изјави дека дека најмиле искусна терапевтка, која се гржи за актерот.
Подоца и терапевтката даде комплимент за сопругата на актерот и нејзината грижа кон него. „Ема завршила одлична работа со поддршката што му ја дава на Брус и создаде околина која му го овозможува она што му е потребно за да живее добро“. Извори блиски до актерот открија дека симптомите му се влошуваат.