Македонскиот пејач Даниел Данн има нова песна, соработка со продуцентот Fussflow и Малинова. Ова е нивниот заеднички сингл, испеан на англиски јазик, со наслов Don’t Forget Me (Не ме заборавај). Музиката е на Весна Малинова, а продуцент, автор на аранжманот и текстот е Огнен Митев (Fussflow).
„Ме радува секоја нова музичка соработка, особено кога завршува со успешно реализиран проект. Драго ми е што Малинова и Fussflow ме поканија да се вклучам во оваа приказна и заедничката креативност да ја преточиме во една ваква песна, која се надевам ќе го најде патот до публиката, особено до љубителите на електронската денс музика, “ вели Данн.
Don’t Forget Me се снимаше паралелно во Германија и Македонија, а може да се слушне и на сите светски дигитални платформи, во издание на Bierbauch Studio.