Џенифер Лопез му се развика на Бен Афлек додека траеше преносот на Греми наградите, па сфати дека камерите ја снимаат, пишува „Дејли меил“. На видеото се гледа како Афлек ѝ шепка нешто на сопругата, а таа делува како да му просаска низ заби да престане.
Читач од усни тврди дека Џенифер му рекла: „Престани. Потруди се да делуваш посимпатично и мотивирано“.
„На глумецот му беше досадно додека траеше преносот, како едвај да чекаше да си оди дома“, додава „Дејли меил“.
Фотографиите од Афлек ги објавија светските медиуми, а се споделуваат и на интернет. Фановите коментираат дека глумецот и пејачката само добро глумат и дека не е сè толку добро во нивниот брак како што сакаат да прикажат во јавноста.