Фолк-пејачката Ирена Спасовска и пејачот Иван Илиев направија микс од две познати песни „Славија“ на српските пејачи Џеј и Мина и „Јас имам некој, а ти си сам“, на Весна Змијанац и Славко Бањац.
Видеото го промовираа неодамна, а и двајцата велат дека се задоволни од тоа како испаднал целиот проект.
„Неодамна го промовиравме видеото кое го снимивме со Иван и можам да кажам дека одлично ни се совпаднаа гласовите“, изјави Ирена за Репортер.мк.
Видеото го снимаа во комплексот „Космос“, а за неколку дена ќе го објават и вториот кавер.
Во спотот се појавуваат и Боро Кика Митовски на синтисајзер и Благоја Алачки на гитара, a видеото е на Алек Тасевски.