(Видео) Карлеуша за Стефан Величковски: Ти си арогантен и безобразен

Македонецот Стефан Величковски го раскара жирито во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Неговото пеење и самодоверба ѝ се допаднаа на Вики Миљковиќ, но не и на Јелена Карлеуша, која за Стефан рече дека е „безобразен“, „арогантен“ и „најлошото нешто што се појавило во последните неколку емисии во шоуто“.

Срефан ги испеа песните „Нисам те због лепоте волео“ од Жељко Јоксимовиќ и „Лапсус“ од Саша Ковачевиќ и доби четири гласа, и тоа од Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Јелена Карелуша и Ана Бекута. Кога Давид му рече дека не ја испеал добро песната од Ковачевиќ, Стефан го прекина среде реченица и му кажа дека според него двете песни ги испеал добро.

„А и тебе можам да те учам да пееш рок“, му рече Стефан на српскиот музичар.

На ова се надоврза Карлеуша, на која не ѝ се допадна однесувањето на Величковски.

„Овој дечко не е самоуверен, туку е арогантен. Ти си дечко безобразен до крај. Ти си нешто најодвратно во последните неколку емисии. Тој арогантен став нема да те одведе никаде. Оди си, ја доби Вики, оди си, не сакам повеќе да те слушам“, разлутено му порача Карелуша.

Вики, која ќе му биде ментор на Стефан, на крајот го одбрани велејќи дека тој само има соништа што сака да ги исполни.

„Не ве сфаќам – не е добро ако некој нема самодоверба, а не е добро ни ако некој има самодоверба“, реле Миљковиќ и му порача на Стефан дека ќе работи со него за да стигне што е можно подалеку во натпреварувањето.

Scroll to Top