(Видео) Охрид меѓу десетте најубави места во поранешна Југославија, според туристички блогер од Бања Лука

Охрид се најде меѓу десетте најубави места во поранешна Југославија, листата е направена од светскиот патник Роберт Дачешин.

„Ех, да останевме иста земја, каква земја ќе бевме, човече, планини, море, стари градови, реки и езера, имавме сè“, вели овој авантурист од Бања Лука, кој ја напуштил класичната канцелариска работа од 8 до 16 часот за да го прошета светот, а впечатоците ги споделува во видеа на неговиот Канал на Јутјуб, следен од повеќе од 100.000 фанови.

Во видеото со наслов „Ова се 10-те најубави локации во поранешна Југославија“ тој издвои магични места кои го освоиле со нивната природна убавина, архитектура, култура и гастрономска понуда.

Најголем број места на листата има во Хрватска. Роберт Дачешин го стави хрватскиот национален парк Плитвички езера на првото место на најубавите места на поранешна Југославија На второ место е Охрид, а на трето островот Хвар.

На четвртото место се најде прекрасниот град Котор во Црна Гора, а на петтото е националниот парк Тара.

На листата на Роберт на најубавите места во поранешна Југославија има и прекрасни места од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија, пренесува „Пункуфер“.

10 најубави места во поранешна Југославија:

1. Националниот парк Плитвички езера, Хрватска
2. Охрид, Македонија

3. Островот Хвар, Хрватска

4. Котор, Црна Гора

5. Националниот парк Тара, Србија

6. Дубровник, Хрватска

7. НП Сутјеска, Босна и Херцеговина

8. Блед, Словенија

9. Нови Сад, Србија

10. Шибеник, Хрватска

 

Scroll to Top