Македонската поп пејачка Сара Мејс се повеќе актуелна во јавноста и медиумите. Што заради музиката и честите промени на имиџот, што заради врската и објавата за свршувачка и закажаната свадба со познатиот македонски водител Димитар Атанасовски… Сара често знае да го сподели и заедничкиот живот со Димитар преку фотографии и статуси на социјалните мрежи, од кои убаво се гледа дека заедничкиот живот им цвета.
Деновиве покрај свршеничкиот прстен, Сара Мејс доби и песна. Само не онаква, каква што добива за да ја испее во студио или на ннекој фестивал… Таа доби песна насловена по нејзиното име, па така Сара Мејс се најде среде ексцес! Ја објавија членовите на скопското хип-хоп дуо „Ексцес“, во која Андреј и Јовица пејат или поточно рапуваат: „Врне, врне, врне пари, Сара Мејс“, пеат , алудирајќи на нејзиниот голем хит.
Стиховите на двајцата рапери не се баш најпристојни, па дури може да се рече дека и се навредливи: „Жешка и модерна, алкохол-цистерна, има дечко, го лаже дека е верна, танга и облини, стил од Ламборџини…“ – се пее во песната за Сара Мејс! Прашањето е дали стиховите потајно и се упатени на нивната многу попозната колешка или е во прашање, таму, некоја, друга…? И дали „Ексцес“ немаат ништо лично против неа, туку е во прашање само позајмица на името на пејачката, за темата полесно да им допре до јавноста?
Како и да е Сара Мејс доби песна со нејзиното име… А, дали ќе и се допадне што тоа се пее во истата…? Ќе почекаме да каже самата! Конечно, еве ја нејзината прва реакција на Фејсбук!
А, еве ја и песната. Преслушајте ја па заклучете самите што е во прашање!