Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, кој неодамна ја доби битката против тешката болест е неуништлив, пишуваат италијанските медиуми. Камерите го забележаа на терените еден час пред екипата и тренира како да тој, а не фудбалерите треба да игра на натпреварите во Серија А.
Во борбата која успешно ја водеше против леукемијата, Михајловиќ вели дека ужива и во работата со фудбалерите на Болоња. Тој се подготвува за продолжението во италијанската Серија А, која поради пандемијата со коронавирусот беше прекината на средината на март.
Неговата силна волја сака да им ја пренесе на играчите, а според пишувањата на италијанските медиуми, тој прво трнира сам еден час. Трча кругови околу теренот и прави стомачни. Потоа ја води екипата, ја анализира нивната работа и работи групни тактички вежби.
Болоња во првиот меч, по паузата, ја чека дуел со шампионот и лидер на табелата Јувентус. Натпреварот е закажан за 22. јуни, а Михајловиќ и самиот сериозно се подготвува за дуел со тимот од Торино и нивната ѕвезда во клубот Кристијано Роналдо.
Добар дел од тренингот го посветува во тактичките детали, што значи дека Јувентус постојано му е во глава. Болоња би можела да ја нападне и Европа, затоа што има 34. бода, пет помалку од Наполи, кој има 39 бодови и е последниот тим кој ја држи европската позиција за Лига Европа.