Медиумите на големо пишуваат за новата турска серија чие снимање е во тек, а главни улоги имаат Бариш Ардуч и Елцин Санду, актерите од хит-серијата „Изнајмена љубов“, кои ги глумеа ликовите на Омер и Дефне. Обожавателите на турската актерска двојка пишува на социјалните мрежи дека се среќни што двојката повторно ќе игра заедно, но и сè повеќе навиваат тие да бидат двојка и во приватниот живот. Најголем прав се крена кога турскиот актер неодамна изјави за турските медиуми: „Едно е сигурно, јас и Елцин оваа есен сигурно ќе ја дочекаме заедно“.
Познато е дека Бариш е во врска со актерката Гупсе, со која летово требаше да се ожени. И актерката Елцин е веќе подолго време во врска. Но, според видеото кое е објавено на Инстаграм, Гупсе во емисијата во која гостуваше со Бариш не можеше да се контролира, па јавно ги покажа емоциите кон Бариш.
https://www.instagram.com/p/BZeItfNnmbT/?taken-by=arducbarisofficial