(Видео) Тања Кочовска испраќа бакнежи додека сурфа на даска

Актерката Тања Кочовска е на одмор во Хрватска. Таа сподели видео на кое е на даска за сурфање и додека весла праќа бакнежи до сите кој беа во водата. Актерката е на островот Мљет во близина на Дубровник. Не е тајна дека Тања отсекогаш ја бивало за спортови. Таа порано тренирала гимнастика и тоа ни го раскажа во едно интервју во Репортер.


Актерката пред две години, објави видео, во кое од нигде никаде се затрча, скока во водата и прави со салто. Во заднина се слушаше глас кој вели: „Лелее, Тања…“ И ова видео откако го сподели Тања беше хит на социјалните мрежи, а таа ни раскажа дека спорот отсекогаш и бил предизвик и дека и на овие години сега може да направи салто во вода, без оглед ба тежината, затоа што е многу еластична.

Scroll to Top